Штип го доби земјиштето за изградба на нова детска градинка

Од:

Се отстрани и единствената пречка за изградба на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска информираше дека на вчерашната владина седница донесена е одлука Општина Штип на трајно користење да го добие градежното земјиште за изградба на детска градинка.

– Ова е уште еден чекор во насока на изградба на еден од најголемите капитални проекти којшто го ветивме во предизборната кампања и со кој посебно се гордееме. Токму затоа ја информирам јавноста дека се работи за парцела од 5.518 м2 каде што ќе се изгради градинка за околу 200 дечиња. Наредниот чекор е да ги добиеме средствата кои се веќе изгласани на источен плански регион од околу 16 милиони денари, а Општина Штип ќе го покрие остатокот од својот буџет, со нешто повеќе од 20 милиони денари, рече Бочварски.

Тој очекува во текот на наредниот месец и Бирото за рамномерен регионален развој да ја донесе одлуката за доделување на средства за изградба на детската градинка во населбата Сењак, а со што ќе може и да почнат со тендерските постапки за избор на изведувач на градежните работи. Со изградбата на детската градинка во населбата „Сењак“ ќе се намали и бројот на дечиња, кои се ставени на листа за чекање за прием во двете детски градинки и во нивните клонови низ населбите во Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена