Штип со два проекта ќе аплицира за Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија

Од:

Општина Штип на вториот повик за Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија ќе аплицира за добивање на два проекта, едниот за реконструкција на детската градинка „Пчелка“, а вториот за набавка на специјализирано возило за гаснење на шумски пожари и на заштитна опрема за пожарникарите.

Александар Арасовски од Одделението за локален економски развој во општина Штип на денешната Комисија за урбанизам на Советот на општината, истакна дека е потребна согласност од Советот за овие два проекта.

– Проектот за детската градинка „Пчелка“ предвидува комплетно внатрешно уредување и поставување на топлинска и звучна изолација, нов котел за греење, наместо греењето на примитивен начин со ќумбиња на дрва, во секоја училница или занимална посебно. Таму се предвидува целосна нова инсталација на пелети и поставување на соларни панели за добивање топла вода за потребите на градинката, изјави Арсовски.

Проектот за реконструкцијата на детската градинка „Пчелка“ е во вредност од 200.000 евра, а проектот за набавка на противпожарно возило за шумски пожари, опрема и обуки за пожарникарите и граѓаните ќе чини околу 210.000 евра. Општините до 11 мај 2018 година треба да ги достават Предлог-проектите за добивање на средства од ИПА фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски