А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штип денеска се простува од трите загинати момчиња

by А1он02/04/2013 - 15:241305
Share0

Тага и болка го обвитка Штип, по трагичната сообраќајка во неделата вечерта која животот го загубија Јани Димитриев (18), Стефан Николов (22) и Бојан Бочварски (25).

Добивај вести на вибер

Како под команда на само 30 минути пред полноќ во неделата вечерта вработените ја запреле музиката им се се обратиле на посетители со жалната вест.

Улиците на Штип вчера беа празни и неми, ја немаше вообичаената утринска веселост а изразите на лицата на луѓето беа доволен доказ за големата жалост поради трите млади загубени животи.

Момчињата за Скопје заминале во саботата претпладне, а истата вечер едно од момчињата присуствувало на свадбата на пратеничката Маринела Тушева. Во саботата ноќта одлучиле да преспијат во Скопје а во неделата, нешто после 18,30 часот, да тргнат назад за Штип.

Бојан е син на познатиот бизнисмен Влатко Бочварски, косопственик на компанијата „Пелагонија“, додека неговата мајка е наставничка во средното медицинско, Тој бил студент на Градежниот факултет и наскоро требало да дипломира. Најмладиот меѓу нив, Јани, штипјани го знаат како дете на сопственикот на „Пара поли“, Мишко Димитриевски, и неговата сопруга Валентина, наставничка во „Ванчо Прке“. За два месеци тој требаше да ја прослави својата матурска. Стефан Николов е син на штипскиот бизнисмен Марјан Николов и бил одличен студент.

Денеска ќе се одржи комеморација за загинатите момчиња во штипската гимназија, а сите манифестации се откажани. Трите прерано згаснати животи во вечноста ќе бидат испратени од митрополитот брегалнички Иларион со свештенослужители и од илјадници штипјани.

stip

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен