Штип: Cексуална услуга, за промена на личната карта

Од:

62-годишен службеник во Матично во Штип, за да изврши промена на личната карта на 31-годишна штипјанка од неа побарал сексуална услуга – објави Канал 5 телевизија.

Непристојниот предлог од службеникот пред пензија го слушнал и сопругот на жената, по што настанала тензична атмосфера.

Од неформалните разговори од вработените во полицијата, кои биле очевидци на настанот, службеникот за да се одбрани дури извадил нож, но за среќа никој не настрадал.

Лицето од матичната служба веднаш е упатено на службен разговор во полициската станица.

Инцидентот за Канал 5 телевизија, го потврдила началничката на службата Сузана Николова.

„Се зависи од полициската истрага. Ако се утврди злоупотреба на службената должност и овластување, тогаш ќе поведеме дисциплинска постапка против вработениот“, изјави Николова.

 

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му