Штип без вода и настава

Од:

Во наредните 24 часа Штип ќе нема вода за пиење. Таа не треба да се користи зашто бунарите од водоводниот систем се поплавени, а пумпите се исклучени.

Со одлука на Кризниот штаб, во прекин ќе биде наставата за учениците од пет основни и четири средни училишта во градот.

Директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски изјави дека откако ќе се нормализира водостојот ќе се земат примероци за да се испита исправноста на водата за пиење.

Екипите на Противпожарната единица и трите јавни претпријатија ги санираат штетите од поплавите и испумпуваат вода од поплавените домови и индустриски објекти кои се наоаѓаат по течението на реката Брегалница.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он