Штип бара пари за изградба на водоводна линија до селото Чардаклија

Од:

Општина Штип ќе бара пари од Министерството за животна средина за изградба на главна водоводна линија до штипското село Чардаклија, со што до домовите на жителите ќе пристигнува квалитетна вода за пиење од Филтер станицата.

Александар Арсовски вработен во Општина Штип истакна дека проектот е дел од обезбедување на квалитетно водсонадување на населените места Балканска, Македонка и Чардаклија.

– Станува збор само за кракот, изградба на главна водоводна линија до селото Чардаклија. Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 6.960.659 денари без ДДВ, од Министерството за животна средина ќе бидат побарани 59 % од вредноста на проектот, додека како сопствено учество општината бара одлука на Совет за 41%, вели, Арсовски.

Тој појаснува дека учеството на општината ќе биде реализацијата на земјените, бетонските, армирачките работи, како и изградба на типски објекти и монтажата, а ќе ги работат екипите на двете штипски јавни претпријатија. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи жителите на селото Чардаклија да пијат питка вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му