Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари

Од:

Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направи штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја направија комисиите, а прилепските советници денеска го усвоија извештајот.

Беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Беше зафатена површина од 1.085 хектари, а најпогодени беа површините со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и со тутун.

До комисијата за проценка на штети биле поднесени 279 барања од кои 11 се отфрлени како некомплетни.

Извештајот треба да биде доставен до второстепената владина комисија.

На денешната седница советниците го прифатија и извештајот за извршување на општинскиот буџет за вториот квартал. Констатирано е дека биле остварени 46,9 проценти од планираните приходи. Меѓу другото, беа прифатени и извештаите за работата на прилепските основни и средни училишта во претходната, како и програмите за новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Променливо облачно со претпладневен локален дожд