„Шпион“ затворен за медиумите и јавноста

Од:

Судскиот процес за случајот „Шпион“ ќе биде затворен за јавноста поради специфичноста. Портпаролот на кривичниот суд Владимир Туфегџиќ денеска соопшти дека истрагата тече забрзано, а и се работи на декласификација на доказите. Адвокатите кои мора да поседуваат безбедносен сертификат за да ги застапуваат осомничените за шпионажа несмеат во јавност да оддават детали за процесот.

Одлуката целиот процес да е под превезот на тајност Туфегџиќ го прадвда со фактот што ова е пракса и на законодавства во други земји.

Случајот „Шпион“ предизвика интерес кај јавноста. Полицијата осомничи 22 лица дека шпионирале и оддавале државни тајни а во медиумите беа изнесувани детали од самиот старт. Еден од уапсените, воедно и експересно ослободен за шпионажа само по 30 минутен распит во полиција- режисерот Борис Дамовски изнесе детали за начинот за апсењето. Даде интервју во кое го опиша филмското сценарио на полицијците за негово лишување од слобода, но и за исклучително коректниот однос кој го добил во полициската станица, но и за неудобното столче.Одговарал на прашања каква е поврзаноста со дел од уапсените и во какви релации е со нив.

Судијата Туфегџиќ посочи дека Кривичниот суд нема надлежност да контролира што ќе се обајавиа а што не,на Фејсбук или на порталите.

Топкатга ја префрли кај јавното обвинителство кое, според него треба да спроведе истрага како детали за случајот стигнале до јавноста.

Детали за случајот „Шпион“ уште од самиот старт објавува портал, на новинар осмничен дека е дел од шпионската мрежа за кого веќе има распишана меѓународна потерница, но детали за текот на истрагата во јавноста изнесуваат и провладините медиуми.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Талир“, „Трезор“ и „Шпион“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“, „Насилство во Центар“ и „Шпион“

Ана Ололовска

Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра

Ана Ололовска