„Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање тунел кој бил ископан за бегство на затворениците, е резултат на ангажманот на директорот на Алтернатива, Шпенд Тахири. Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа“, велат од Алтернатива по вчерашната смена на директорот на Идризво и откривањето на тулеот за бегство на затвореници.
„За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции. Како и да е, токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Тахири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех. Всушност, ова акција во Идризово се подготвувал подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово. Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата. За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на Алтернатива. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики. Но, сакаме да потсетиме дека Шпенд не е виновен што овие две партии ги уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги тера да реагираат на штета на државните интереси. Веќе видено очајно сценарио на политички губитници“, се наведува во реакцијата од Алтернатива.