Шилегов: Забраната за моторни возила на Водно останува во сила

Од:

Забраната за движење моторни возила на Водно засега останува во сила. Понатаму ќе соопштиме дали и какви мерки понатаму ќе преземе Град Скопје. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) Петре Шилегов.

На новинарско прашање дали ќе и го дадат споменикот на Андон Јанев-Ќосето на општина Сопиште, Заев рече дека Ќосето е сопственост на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а за него се води и судска постапка.

– Споменикот е предемет и на судска постапка поради тоа што Здружението го нема платено споменикот. Не е сопственост на Градот за да го доделува и ниту Сопиште има право да бара од Град Скопје нешто да му биде доделено. Сопиште може да посака што сака, но мора да постои ред, поредок за тоа кој, што и како може да добие, посочи Шилегов по потпишувањето Договор меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС за пренесување на правото на трајно користење, управување и одржување на информацискиот систем www.gradezno-zemiste.mk.

Нагласи дека се анализира состојбата со спомениците од проектот „Скопје 2014“ и додаде оти сите споменици не се под Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен