Шилегов за „Етнос“: Иднината на Скопје е во европското општество

Од:

Иднината на Скопје се наоѓа во европското општество, вели скопскиот градоначалник во интервјуто под наслов „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“, објавено во денешното издание на грчкиот весник „Етнос“, во пресрет на средбата со неговиот грчки колега, Јоргос Каминис.

Петре Шилегов објаснува дека уште пред да стане градоначалник бил свесен за предизвиците со кои што ќе се соочи, но дури по преземањето на должноста, сфатил колку многу треба да му се помогне на градот.

– Сакам граѓаните, до крајот на мојот мандат, да видат дека им се подобрува квалитетот на животот, далеку од изопаченото бронзено минато, градејќи европска иднина. Затоа, на почетокот од мојот мандат, веднаш ја запрев изградба на 95 барокни фасади на згради. Средствата наменети за ова, беа редистрибуирани за реконструкција на средни училишта во Скопје и за изградба на енергетски ефикасни фасади. Тоа е разликата: енергетски фасади и барокни фасади. Суштина наспроти шминка. Ја заменивме, изолацијата на градот од нашите соседи, со соработки и отворен пристап. Иднината на Скопје се наоѓа во европското општество, вели Шилегов за „Етнос“.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош