(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја блокира работата на Собранието

Од:

СДСМ обвинува дека опозицијата се обидува да ја блокира работата на Собранието. Партиите, вели Петре Шилегов, биле на координација со претседателот на Собранието и се договориле денеска да завршат со изборот на заменик-секретарите, измените на Кривичниот законик во делот на Суперкупот и да го усвојат извештајот за работата на Агенцијата за администрација. ВМРО-ДПМНЕ, според него, сега не се држи до договорот и прави опструкции.

– Вчера и денес сте сведоци на обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи дисфункција на работата на Собранието. Вчера ги спречивме да опструираат да не се донесе извештајот на Комисијата за финанасирање и буџет. Претседателката на Комисијата одби да го потпише извештајот произлезен од неа. Во таков случај мнозинството членови на комисијата, според Деловникот, го потпишаа извештајот, вели Шилегов.

Од СДСМ велат дека тие ќе продолжат со работа и доколку од ВМРО-ДПМНЕ продолжат со истата динамика, како што велат, на опструкции, ќе преземат мерки кои им се овозможени со Деловникот. Шилегов не откри што конкретно подразбира тоа.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски