Шилегов утре во Белград на Форумот на градоначалници на 16 земји од ЦИЕ+Кина (16+1)

Од:

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од утре до среда ќе учествува на Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).

На отворањето на самитот ќе се обрати заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, министерот за рударство и енергија Александар Антиќ.

На градоначалниците од 16 земји на ЦИЕ и на градот Скопје, ќе им се обрати и преставник на кинескиот Секретаријатот за соработка со ЦИЕ од Пекинг Ли Јуче, градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ, заменик-градоначалник на Пекинг Ванг Хунг, министерот за транспорт на Кина Ли Сјаопенг и претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

На Форумот, на пленарната сесија најавено е дека градоначалниците на државите од ЦИЕ ќе разговараат за инвестиционите проекти, јавното и приватното партнерство, како и за заедничката туристичка понуда на Централна и Источна Европа усмерена кон кинескиот пазар.

„Белград е многу интересно место за инвестирање и една од целите на форумот е да се привлечат инвеститори, да се разменат искуства и да провериме дали одиме во вистинска насока. Планираме да изградиме два моста, два тунели, национален стадион, метро, објект на Филхармонијата и за сето ова сакаме да зборуваме на форумот,“изјави белградскиот градоначалник Зоран Радојичиќ.

Во Белград утре ќе се одржи и Третиот самит на министри за транспорт на земјите учеснички на механизмот на соработка на НР Кина и 16 земји од централна и источна Европа.

Би можело да ве интересира

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

(ВИДЕО) Катастрофа по ударот на „Саудел“: Смртоносни свлечишта, загинати и исчезнати

Горан Наумовски

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство