(ВИДЕО) Шилегов: Со филигрански прецизна игра Град Скопје си ја врати „Дрисла”

Од:

По две години тешка и напорна борба ја вративме депонијата „Дрисла” во сопственост на Град Скопје, извести денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Со преземањето, градоначалникот Шилегов вели дека завршила деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која депонијата била дадена на несоодветен партнер. Утрово Централниот регистар го завел Град Скопје како сопственик, промена на која Градот чека веќе неколку месеци.

„За депонијата ќе одговараме Град Скопје и лично јас. Утре ќе биде разрешен досегашниот директор, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани нов Управен одбор и нов Надзорен одбор”, рече градоначалникот Шилегов.

Тој ги повика институциите, организациите и сите заинтересирани граѓани заеднички да направат анализа на досегашното работење на
„Дрисла“ и да ги утврдат следните чекори по неповратно изгубените девет години.

По раскинувањето на договорот со досегашниот концесионер „ФЦЛ Амбиенте“ градоначалникот не очекува тужби.

„Две години водевме филигрански прецизна правна игра за Градот да не може да биде предмет на тужба”, рече градоначалникот Шилегов.

Тој нагласи дека негова основна грижа ќе биде депонијата да ја направи санитарна, оти, според него, досега не била санитарна. Тој најави дека со анализите на работењето ќе се утврдува и каков се отпад бил согоруван и складиран по скандалот со ѓубрето во Бугарија во кој е вмешан досегашниот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош