(ВИДЕО) Шилегов: Работиме на брзо и ефикасно решение за добивање на мандатот

Од:

Во одговори на новинарски прашања, Петре Шилегов кажа дека СДСМ работи на составувањето на нова влада, откако граѓаните на 11 декември гласаа за промени,

Почнавте ли со преговори за составување на парламентарно мнозинство?

Кажавме во текот на вчерашниот ден, СДСМ работи на брзо и ефикасно решение за обезбедување на составување на новата влада. Граѓаните да не се грижат промените за коишто гласаа на 11 декември бргу ќе следат.

Верувате дека ДУИ ќе ви даде поддршка?

Ви одговорив мислам, работиме на брзо и ефикасно решение за добивање на мандатот.

Кога ќе имате средба?

Значи, работиме на тоа, во моментот кога ќе можеме да ги споделиме информациите ќе бидат споделени со јавноста, јавно и транспарентно ги влечеме потезите уште во текот на изминативе две години, се што е зрело за сподеување како информација за јавноста ќе биде споделена на време.

Останува СДСМ на тврдењето дека ДУИ е дел од криминално –тендерска групација, Али Ахмети е директно вклучен во тоа?

Кажавме дека лицата коишто се под истрага на СЈО, а којшто учествувале во криминални дејности, не можат да бидат дел од новата влада на Македонија.

Ахмети упати апел и до ВМРО ДПМНЕ и до СДСМ да седнат на заедничка маса бидејќи сметаат дека излезот од кризата е само ако седнат и се договорат?

За мене е прашањето или за господинот Ахмети?

За вас, за СДСМ?

Значи кажавме, повторуваме во Македонија граѓаните гласаа за промени, таква влада и ќе добијат.

Дали е веќе решено за некој рок, бидејќи не се споменува рок?

Кажавме во многу брза иднина ќе добиете квалитетна информација во однос на тоа прашање. Бидете за нијанса трпеливи, разберете ја сензитивноста на моментот, информациите коишто ќе бидат зрели за споделување ќе бидат споделени со јавноста.

А, на Иванов ќе му доставите ли програма?

СДСМ е веројатно единствената политичка структура којашто се залага за доследно спроведување на законите во рамки на институции којшто не се партизирани. Ѓорѓе Иванов одбра кажавме и во текот на вчерашниот ден да биде покровител на криминалот на Никола Груевски. Никаде во закон, никаде во Устав не постои обврска на мандатарот, да како Претседателот на државата до давателот на мандатот да достави програма достави програма за работа на владата. Програмата за работа на владата ја разгледува и усвојува Собранието преку пратенциите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација