Шилегов: Новиот мост на булевар АСНОМ се отвора за еден месец

Од:

Привршуваат градежните работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според планот треба биде пуштен во употреба во текот на наредниот месец. Мостот е веќе споен по интензивните градежни работи од двете страни на реката Вардар, соопшти прес-службата на кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов.

– Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини соопштуваат од изборниот штаб на Шилегов.

Мостот на булевар АСНОМ, додаваат, се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали.

– Кога зборуваме за функционален и поврзан град, зборуваме за нови мостови. Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот го завршуваме есенва, а другиот штотуку го започнавме. Вардар нема да го дели Скопје, туку ќе го спојува, вели Шилегов.

Новиот мост, се вели во соопштението, има шест коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На новопробиениот булевар и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот ќе го краси и дрворед, кој ќе биде засаден од двете страни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот