(ВИДЕО) Шилегов: Нема да гласаме за сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Од:

ДУИ се однесува како општински комитет од Мала Речица, а не како партија, рече пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој кажа дека СДСМ нема да гласа за новото сценарио на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и дека премиерот Емил Димитриев, кој излегол херој кога ги одбил двајцата кандидати, предложени од ДУИ, не излегол доволно херој и сега ги тера да гласаат за сценарио.

„ДУИ беше нем сведок и соучесник на партизирањето на институциите. Сега излегувате и велите дека сте спремни за реформи а година и пол по проектот Вистината за Македонија, не направивте никаква реформа“, рече Шилегов.

Според него, ДУИ пробува со ова да се „испере“, но не може бидејќи, како што вели, тие не се чисти туку се се поцрни.

Шилегов го обвини Димитриев, дека како премиер за спроведување на избори тој воопшто не спомнал демократски, туку само фер и слободни избори.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во реплика на говорот на Шилегов кажа дека СДСМ се криминалци кои без избори сакаат да дојдат на власт.

Шилегов во контра реплика, кажа и да сакал подобро да ги опише не можел, бидејќи тие се криминалци.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски