Шилегов: Нема да дозволиме Груевски да ги организира следните предвремени избори

Од:

По денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговараше на новинарските прашања.

Како го оценувате вчерашниот говор на премиерот во кој СДСМ ја оцени како петтоколонашка  партија која е без идеи, без концепт, т. е се обидува со интриги и манипулации да дојде на власт? 

Типично за секој автократ или диктатор во заминување, се некој друг му е виновен особено измислени домашни и странски предавници. Во периодов што измина, вклучително и последнава половина година се изнаслушавме се’, токму од Никола Груевски и неговата врхушка, за нaводни странски служби, за соработка со странски служби, за не знам што се не, не слушнавме ништо за неговата лична одговорност, одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Груевски рече дека СДСМ покажува знаци оти се пишмани за договорот од 2-ри јуни и дека се обидувате на разни начини да го одложите или да избегате од изборите на коишто вели според него ќе бидете уште еднаш тешко поразени. Се плаши ли, бега ли СДСМ од избори? 

Политичката криза во Република Македонија може да се реши уште денеска ако Никола Груевски во Собранието на Република Македонија ја достави својата оставка како премиер и претседател на Владата и со тоа ќе се исполни основниот услов за да може да се одржат фер, нормални и демократски избори во Република Македонија. СДСМ јавно соопшти дека оставката на Никола Груевски и врхушката околу него е основен услов да може да биде формирана преодна влада односно влада којашто ќе ги организира следните избори со цел истите да може да имаат минимум шанса да бидат фер и демократски. Груевски се лаже ако мисли дека СДСМ ќе дозволи тој да предводи влада којашто ќе организира било какви избори во Република Македонија вклучително и оние за коишто се зборува во договорот од 2-ри јуни а коишто се договорени за април во 2016 година, рече Шилегов.

Прашањето беше, неговото обвинување дека се плашите и сакате за избегате од избори… 

Ако поднесе оставка Никола Груевски ќе се исполни добар дел од нашите барања и избори ќе има во предвидениот период. Нема да дозволиме Никола Груевски да ги организира следните предвремени избори во април 2016 година, дополни Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел