Шилегов на изборен митинг на ДС од Србија со поддршка за Шутановац

Од:

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов вечерва се обрати на првата конвенција за изборите за Град Белград на коалицијата „Да го ослободиме Белград“ предводена од Демократската странка (ДС) од Србија, сестринска партија на СДСМ.

Во своето обраќање, потпретседателот Шилегов даде поддршка на претседателот на ДС и кандидат за градоначалник на Град Белград, Драган Шутановац.

„Кога ја започнавме нашата битка, многумина не веруваа дека ќе успееме. Но, со упорност, со добри кампањи, со посветена работа, пред една година успеавме да ја ослободиме Македонија, а пред неколку месеци да го ослободиме и Скопје. Одевме од врата до врата, од човек до човек и во исклучително тешки услови ја промовиравме нашата програма и успеавме да донесеме живот за сите во Скопје, живот за сите во Македонија“, истакна Шилегов.

Потпретседателот Шилегов ги повика граѓаните на Белград да дадат поддршка на кандидатот Шутановац бидејќи овој пат имаат прекрасна можност да изберат градоначалник кој ќе се грижи за нивните интереси и ќе гради инфраструктура којашто доликува на времето во коешто живееме.

„Ги повикувам сите граѓани на 4 март масовно да излезат на избори и да го заокружат бројот 4. Шутановац, ослободи го Белград.“ порача Шилегов пред граѓаните на Белград.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ