Шилегов-Каминис: Имаме силна волја да го зацврстиме пријателството

Од:

Договор за соработка меѓу Скопје и Атина денеска потпишаа градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.

– Со потпишувањето на овој Договор со Атина ќе размениме информации, искуства, нови практики и ќе негуваме соработка во разни области на нашата работа и надлежност како што се градската администрација, управување со јавни услуги, урбан развој и отпорност, заштита на животната средина и природата, културни и туристички активности, иновации, информатичка технологија и дигитализација, рече Шилегов по потпишувањето во Музејот на современа уметност (МСУ). Додаде дека ќе соработиваат во рамки на мрежата „Eurocities“ и ќе промовираат трговски контакти.

Шилегов посочи дека со Каминис веруваат во соработка и не се плашат од предизвици. Смета дека ова е историски ден за Скопје и за Атина.

– Имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство. Заедно можеме повеќе и побрзо ќе стигнеме до нашата цел, преку интензивна соработка да обезбедиме подобар живот за граѓаните на Скопје и на Атина, рече Шилегов.

Градоначалникот Каминис нагласи дека билатералните прашања меѓу двете држави не треба да ги запрат во решавањето на проблемите и во обидот да се изнајде заедничко решение.

– Ние не смееме да го пропуштиме овој воз. Со нашето партнерство ние му покажуваме на светот дека нашата историја не не дели и би требало да не спои поблиску. Граѓаните на Скопје и на Атина очекувата да им служиме на најдобар можен начин, рече Каминис.

Договорот за соработка беше потпишан во МСУ каде по скопскиот земјотрес во 1963 година меѓу уметниците кои донирале свои дела има и 34 грчки уметници со 46 уметнички дела. Шилегов на Каминас му подари македонска резба, а доби на подарок копија од главата на божицата Атина.

Ова е возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот