Шилегов: Груевски предлага мнозински модел за да не се откаже од своите автократски тенденции

Од:

Предлогот на премиерот, Никола Груевски, постојниот пропорционален изборен модел да се замени со мнозински систем на гласање, би резултирал со доминација на две политички партии, велат од СДСМ. Од таму и понатаму сметаат дека една изборна единица во Македонија и најдоброто решение за демократизација на земјата.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, за „А1он“ вели дека Груевски го предлага мнозинскиот модел затоа што „нема демократски капацитет да разбере дека во државаа има луѓе кои размислуваат поразлично од големите партии“.

– Нашиот став и понатаму е една изборна единица. Со тоа потврдуваваме дека СДСМ не е само декларативна во своите заложби за демократизација на Република Македонија, без оглед дали тоа одговара на нашите партиски интереси. Таквиот систем ќе може да донесе валоризација на секој поединечен глас на граѓаните. Предлогот на Никола Груевски за враќање на мнозинскиот систем кој поради аномалии веќе го напуштивме во 1998 година, всушност само го потврдува неговиот автократски и диктаторски карактер. Ако се прифати таквиот предлог тој иде исклучиво во интерес на големите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓутоа нема да ја отслика и нема да даде реална слика на демократските потреби на Македонија како држава и како општество – вели Шилегов.

Мнозинскиот систем на гласање се применуваше во првите години од независноста на Македонија, а беше напуштен во 1998 година поради бројни недостатоци. Во тој период Македонија беше поделена на 120 изборни единици каде се гласаше за 120 пратеници поединечно.

Во такви околности бројот на гласачите во изборните единици беше непропорционален со што се кршеше принципот на еднаквост на гласот, како основен принцип на демократски карактер на изборите. Освен тоа изборите требаше да се повторуваат скоро во сите изборни единици, бидејќи законот го предвидуваше принципот на апсолутно мнозинство, што значи за да се избере еден пратеник во првиот изборен круг требаше кандидатот да добие 50%+1 глас од бројот на избирачи запишани во соодветната единица.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски