(ВИДЕО) Шилегов: Досега исчитени 220 депонии во Скопје

Од:

Во населбата Хиподром денеска почна акцијата за чистење на општина Гази Баба. Со чистење ќе се продолжи во Маџари, Триангла, Ќерамидница, Ченто, Железара и Автокоманда.

Почетокот на акцијата го означија градоначалниците на Скопје и на Гази Баба, Петре Шилегов и Борис Георгиевски и директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ Адриан Муча и Абдусамед Шабани.

– Целта ни е темелно чистење на зелените јавни површини, дивите депонии, поставување нова урбана опрема – клупи, канти и чешми, кастрење на дрвјата, изработка на троторати од бекатони, рече Георгиевски и аплелираше и граѓаните да се вклучат во оваа акција за да биде успешна.

Градоначалникот Шилегов потсети дека досега се чистело во општините Центар, Ѓорче Петров, Карпош, а следната седмица ќе се чисти во општина Бутел.

– Град Скопје во изминатиот период сериозно го зголеми интензитетот на инспекцискиот надзор. Инспекциските служби само во текот на вчерашниот ден казнија две домаќинства за палење на пластични кабли и за фрлање шут на недозволени места, рече Шилегов. Најави дека ќе го зголемуваат капацитетот на инспекциските служби и оти ќе го засилат надзорот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов појасни дека од општина во општина се чистат диви депонии за да им се помогне на општините, да се среди зеленилото и повторно да не се фрла отпад на тие места.

– Досега се исчистени 220 депонии во општините во кои ние поминавме и очекувам дека граѓаните ќе дадат свој придонес во целата акцијата, рече Шилегов.

Прашан за гасоводот на Водно, Шилегов изјави дека се уште не исцрпена дебатата и оти во следниот период повторно ќе треба да се соочат институциите кои го водат гасоводот и здруженијата на граѓаните.

На новинарско прашање дали ќе го ангажираат данскиот архитект за хуманизирање на Скопје, Шилегов рече дека тој на извесен начин е ангажиран и вклучен во работатата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски