(ВИДЕО) Шилегов до ВМРО-ДПМНЕ: Вие сте најголеми национални предавници во историјата на Македонија

Од:

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов го потсети Трајко Вељаноски дека четири недели претседава нелегитимно со седницата, од каде, како што кажа, се изнеусваат ноторни лаги.

– Вашите изјави се засноваат на лаги. Вие сте најголеми национални предавници во историјата на Македонија. Поддржувате човек кој го урниса Уставот. Да ја сакате толку Македонија, немаше да ја пљачкате толку многу, рече Шилегов.

Тој кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гледаат како да се спасат и потсети дека е добро во Македонија да се развива демократскиот процес и дека не е ништо страшно после 11 години ВМРО-ДПМНЕ да замине во опозиција.

– Не е страшно да осетите како владее правото. На крајот ќе останете партија со пет пратеници, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска