Шилегов: Дневно се следи бројот на патници во ЈСП, во моментов изнесува 30 отсто од регуларното

Од:

На дневна основа се следи бројот на патници во ЈСП и во овој момент тој изнесува 30 проценти од она што регуларно се возеле патници во нашиот град. Значи во шпицовите се дуплирани автобусите, особено оние кои се главни градски линии и немаме таков тип на наплив.

Ова денеска го посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали треба да се зголеми капацитетот на автобуси.

– Градот е подготвен и оспособен во зависност од бројот на патниците да влезе во спречување на создавање метежи, меѓутоа фактот е кога ќе ги погледнете бројот на валидираните карти, можете да направите лесна компарација и ќе дојдете до заклучок дека само 30 проценти од она што било капацитет во текот на истиот период лани, годинава се возат, вели Шилегов.

Додава дека целиот тој систем се придвижува онака како е потребно по однос на анализите кои ги прават.

– Анализите кои ги имаме покажуваат дека бројот на патници е 30 проценти намален без оглед на тоа колкав е бројот на превозни средства. Едноставно ги немаме учениците, ги немаме веројатно ниту пензионерите, има помала гужва, го прилагодуваме возниот ред на начин да одговори на потребите на граѓаните, дополни Шилегов.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски