Шилегов: Чистотата на Матка и нејзината околина во редовните активности на ЈП „Комунална хигиена“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, денеска присуствуваа на акција за чистење на комуналниот отпад во општина Сарај .

– Од 1-ви октомври градското претпријатие Комунална хигиена ќе врши траспортирање и собирање на комуналниот отпад во општина Сарај и тоа во населените места: Сарај, Љубин, Кондово, Крушопек, Лока, Грчец, Шишево, Глумово, Долна Матка, Арнакија и Рашче. Целта е зголемување на нивото на чистотата и хигиената и во овој дел од градот – изјави Шилегов.

Со редовните активности на ЈП Комунална хигиена ќе бидат опфатени 18 000 м2 во повеќе населени места во Сарај и Спортско- рекреативниот центар Матка.

Тој додаде дека досега се организирани акции за чистење на Скопје кои го опфаќаа и овој дел од градот, но сега чистењето на општина Сарај станува редовна активност на Комунална хигиена. Со оваа активност значително ќе се подобри нивото на чистотата на Матка, едно од најважните туристички места во Скопје.

– Верувам во нашиот потенцијал и верувам дека ќе успееме во нашите намери да обезбедиме услови за здрав живот на сите. Убеден сум дека прашањето за подобрување на квалитетот на животната средина ќе биде минато бидејќи чистата и здравата животна средина ќе бидат наше секојдневие. Скопје е град за сите и затоа посветено работиме за доброто на сите – порача Шилегов.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, на денешната акција нагласи дека нивна главна заложба како јавно претпријатие останува со редовните активности секојдневно да придонесувааат граѓаните на Скопје да живеат во почиста и поздрава животна околина.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски