Шилегов: Бараме итна собраниска седница, предлагаме конкретни мерки за помош на граѓаните

Од:

Пратеничката група на СДСМ и опозицијата, согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието денеска поднесе барање за свикување на итна и недоложна седница на Собранието, рече Петре Шилегов.

Бараме итна собраниска седница со една единствена точка на Дневен ред:

Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

Предлагаме и конкретни заклучоци со мерки коишто треба веднаш да бидат преземени за да им се помогне на граѓаните.

Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди.

Ова барање го поднесуваме поради нужноста да им се помогне на граѓаните на кои во овој момент тоа им е најпотребно.

Собранието на Република Македонија, ние, како луѓе пред се, имаме уставна и човечка должност да им помогне на овие граѓани.

Ги повикуваме сите пратенички групи и пратеници во Собранието на Република Македонија, да го поддржат нашето барање.

Сега не е време за политика, сега е време за помош на граѓаните, на дело да ја покажеме нашата хуманост.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски