Шесто првенство на АРМ во крос-кантри трчање

Од:

Во касарната „Илинден“ во Скопје, во организација на Генералштабот на АРМ, денеска ќе се одржи шестото првенство на АРМ во крос-кантри трчање.

Првенството свечено ќе го отвори заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, а кросот е предвидено да се одржи на посебно уредена патека во касарната „Илинден“ на 10 км во машка и на 5 км во женска конкуренција. На шестото првенство во крос-кантри ќе учествуваат натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Академија и Атлетската Федерација на Македонија.

Атлетската дисциплина во крос-кантри трчање, во АРМ редовно се одржува во последниве неколку години, што придонесе постигнување на забележителни спортски резултати во атлетиката, како на учеството на меѓународните атлетски воени првенства, така и на атлетските натпреварувања во Македонија.

На шестото првенство во крос-кантри, се очекува масовно учество на припадниците на АРМ, со што уште еднаш ќе се демонстрира важноста на изградбата на физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на задачите кај припадниците на АРМ.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски