А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шести фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани

by А1он17/08/2016 - 10:34158
Share0

 Општина Вевчани од денеска до петок ќе биде домаќин на шестиот фестивал на народна култура „Пображење“. Организатор е Културно-уметничкотото друштво „Дримкол“ од Вевчани.
– Целта на овој фестивал е да ја презентира македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот, да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Вевчани отсекогаш бил достоен чувар на македонската традиција, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, па токму затоа и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон културното наследство на Вевчани и Македонија, изјави претседателот на КУД „Дримкол“ од Вевчани Тошо Чочороски.
Годинава покрај КУД „Дримкол“- Вевчани, на фестивалот учествуваат и ФА „Китка“ – Истибања, КУД „Илинден“ – Струга, ФА „Ловеч“ – Ловеч, Бугарија, ФА „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ – Паиде, Естонија, КУД „Ѓердан“ – Ваљево, Србија, КУД „Весели Пензионери“ – Пробиштип, КУД „Ѓердан“ – Охрид, КУД „Типопластика“ – Горни Милановац, Србија и ФА „Пжировские Нутки “ – Пжирув, Полска.
Стручниот совет на фестивалот во состав: проф. д-р Мирјана Мирчевска, проф. д-р Велика Стојкова – Серафимовска, проф. д-р Даворин Трпевски, м-р Ивона Татарчевска – Опетчевска, Јовица Блажески и Наташа Кукоска ќе ги оценуваат сите ансамбли кои ќе презентираат изворен фолклор. За најдобриот ансамбал организаторот доделува плакета „Чувари на изворната традиција“.
Фестивалот завршува на 19 август со настап на познатиот македонски чалгиски бенд „Чалгии“ од Скопје.
Покрај сценско-уметничката презентација на хорската, инструменталната и вокалната култура, во рамки на фестивалот ќе се одржи и стручен дискурс на тема: „Обредноста во Вевчани -Пображење“. Предвидено е да учествуваат еминентни професори, стручњаци и луѓе од праксата.
Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

Добивај вести на вибер
mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен