Шестгодишниот Марко освестен, мајката се уште во многу лоша состојба

Од:

Шестгодишниот Марко кого вчера мајката го фрли од четвртиот спрат од зградата во Хиподром е свесен и е во стабилна состојба, но се уште е на интензивна нега, велат од Клиниката за кардиоваскуларна хирургија.

Од клиниката информираат дека вчера на Марко му бил направен оперативен зафат по компјутерската снимка, по што ситуацијата останала стабилна, а детето утрово повторно се освестило.

Според информациите од КАРИЛ, мајката е на интензивна нега во многу лоша состојба и лекарите будно го следат нејзиниот случај. Од клиниката велат дека подетални информации за нивниот случај ќе можат да дадат подоцна или во текот на утрешниот ден.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски