Шест сообраќајки вчера во Скопје, пајакот отстранил 82 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, односно поминале на црвено светло на семафорот и шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно го управувале возилото под дејство на алкохол.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава