Шест сантиметри снег на Попова Шапка, два во Маврово

Од:

Утринава поголема облачност се преместува преку северот кон исток и североисток. Од неа врнежи од дожд има на пониските места, во Тетово повремено дожд со снег, во Крива Паланка снег, а снег има и на повисоко во Лазарополе, Пожаране, Маврово и Ѓуриште.

Снежната покривка во Попова Шапка е 6 сантиметри, а во Маврово – 2 сантиметри. Најмногу дожд синоќа наврна во Пожаране, Маврово, Тетово, Скопје и Куманово. Најладно беше во Берово – 4 и Струмица – 2.

Времето ќе биде претежно облачно, уште од ноќта најпрвин на северозападот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Температурата преку денот ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе врне повремен дожд. Попладне ќе има намалување на облачноста и со слаб до умерен претежно северзападен ветер. Температурата ќе достигне до 7 степени.

Утре и во среда ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Источна Европа е погодена од снежна бура, снежно невреме во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Поради врнежи од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Горан Наумовски

Слаб снег на планинските превои