Шест нови заболени од коронавирус, меѓу нив и 4-годишно девојче од Штип

Од:

Министерството за здравство информира дека до 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирус, со што бројката на заболени во земјава се искачи на 48.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, а тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран еден случај, кој бил во контакт со претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.

Би можело да ве интересира

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

А1он

Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, реагираат од Стоматолошката комора откако Алиу им го презеде лиценцирањето

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски