Шест нови случаи на жолтица во Скопје

Од:

Шест нови случаи од жолтица се евидентирани на подрачјето на Скопје откако беше прогласена епидемија со што бројот на заболени во главниот град се искачи на 72.

Од нив, 16 се лекуваат на Инфективната клиника, двајца на инфективното одделение во Градската општа болница „8 септември“ и се во добра здравствена состојба, а останатите се пуштени на домашно лекување.

Најголем број од заболените, односно 27 се на возраст од 3 до 14 години, 21 лице се на возраст од 29 до 40 години, 19 лица на возраст од 16 до 25 години, а шестмина заболени се на возраст од 48 до 55 години.

Најмногу заболени има во Шуто Оризари, а по неколку заболени има речиси во сите општини во Скопје, односно во Аеродром, Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Бутел.

Во Штип, каде прво се појави жолтицата, моменталниот број на заболени е 30 лица. Најмногу заболени се на возраст од 20 до 39 години, а 10 случаи се од претшколска и школска возраст. Од вкупниот број болни, седум се со потешка клиничка слика на хепатит А и примаат инфизиона терапија, а останатите се со средно тешка и со лесна клиничка слика.

Во овој град, екипа епидемиолози веќе имаат земено мостри од централниот градски водовод, како и од поединечни чешми и бунари кои ги посочиле болните. Резултатите од вкупно земените осум мостри се очекуваат во вторник.

Од Министерството за здравство велат дека најверојатно, според првичните информации од направениот увид, се работи за пренесување на болеста преку контакт и затоа се преземаат повеќе превентивни мерки.

Во пресрет на почетокот на учебната година вчера Министерството за труд и социјална политика излезе со превентивни мерки до градинките и училиштата.

Би можело да ве интересира

ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“, извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата каде има заболени

А1он

Министерство за здравство: Регистрираните случаи на жолтица не се епидемиолошки поврзани

Ана Ололовска

Шеесет и едно лице заразени со жолтица, меѓу нив ученици од основни и средни училишта

Татјана Ташкова

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село

(ВИДЕО) СДСМ: Шуто Оризари жолтее, им делат апчиња со поминат рок од 11 години

Ана Ололовска

Во Струга нема регистрирано жолтица

Ана Ололовска