ВИДЕО: Шест месеци условна затвор за Томислав Лазаров

Од:

Судот донесе пресуда за обвинетиот Томислав Лазаров за насилство во општина Центар – шест месеци условна казна, ако во следните две години не направи кривично дело.

Лазаров пред судот изјави дека се откажува од правото на жалба и повтори дека длабоко жали и се кае за делото што го направил. Судијкта Татјана Михајлова при изрекување на пресудата кажа дека за донесувањето на пресудата во предвид било земено што обвинетиот ја признал вината како и околностите дека е неосудуван млад човек и татко.

Судијката Михајлова дополни и дека провериле и дали обвинетиот ја признал вината под притисок.

Лазаров пред новинарите изјави дека не сака да коментира за другите обвинети во случајот и не одговори дали стравува од закани и притисоци од сопартијците. Рече дека е благодарен што судот ги зел предвид олеснителните околности при изрекувањето на казната.

Четвртообвинетиот Томислав Лазаров на минатото судење призна вина. Според обвинението од СЈО, Лазаров заедно со други лица поттикнал и организирал дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест во 2013 година пред седиштето на Општина Центар со наводен мотив дека ќе се протестира поради рушењето на црквата „Св. Константин и Елена“, која беше во фаза на градба на булеварот Македонија, иако тоа воопшто не било точка на дневниот ред на седницата. Судијката Татјана Михајлова одлучи да се раздвои постапката за Лазаров и да му се суди посебно.

Тој рече дека немал никакви притисоци ниту од специјалното јавно обвинителство ниту од полицијата. „Не сум уценуван. Изјавата ја давам доброволно“, рече Лазаров на минатото судење.

За насилството во Центар обвинети се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште неколкумина советници од ВМРО-ДПМНЕ, кои на минатото рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“