Шест лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Шест лица се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Од нив, во три имало повредени лица, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, како и седум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 22 возачи, од кои четворица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 81 возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози