(ВИДЕО) По шест години затвор за седумте македонски војници на ИСИС

Од:

Кривичниот суд во Скопје ги осуди на 6 години затворска казна шестмината македонски војници кои биле дел од паравоената формација на ИСИС, додека за еден од обвинетите изречена е казна затвор од 9 години за “терористичка организација” како дополнително дело кое му се става на товар.

Станува збор за Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски кои на минатото рочиште го признаа делото за кое беа обвинети “Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација”.

– Судот утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се теретат во обвинението. При одредување на видот и висината на санкцијата судот ги имаше во предвид олеснителните и отежителните околностите при што судот им ги одмери казните на сторителите во границите пропишани со закон за тие кривични дела имајќи ги во предвид евиденцијата за кривичната одговорност на сторителите, тежината на делата како и целта на казнувањето. Спречување на сторителите да вршат вакви и други кривични дела и нивно превоспитување, рече судијката која го води процесот, Џенета Бегтовиќ.

Обвинителот Наум Пановски по изрекување на казните побара продолжување на притворот за осудениците поради опасност од бегство.

Бранителите на обвинетите побараа затворскиот притвор до извршување на казната да биде заменет со други мерки како куќен притвор и одземање на патните исправи поради здравствени проблеми и семејната состојба.

Судот даде 15 минутна пауза за одлука по барањето на обцинитечството.

Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, сега осудените седуммина беа обвинети, лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесено обвинение против седум лица.

Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот Сафет Рамадани кој се терети за две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.

Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија.

Bиктор Јованов

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад