Шеснаесет сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Сопатник е тешко повреден, а 14 лица се здобиле со полесни повредени, во 11 од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Пет незгоди се со последица материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 18 лица без возачка дозвола или нерегистрирано возило, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци, а двајца возачи почетници сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 66 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во тек на вчерашниот ден се отстранети 65 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Одделението за превенција при СВР Скопје вечер со почеток во 19 часот во полициската станица Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука за возачи кои сториле прекршоци по разни основи во сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Блаже Конески“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он