Шеснаесет години Охридски рамковен договор

Од:

Денеска се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.

Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.

По повод 16-годишнината од потпишувањето на договорот, под покровителство на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечер во Скопје ќе се одржи свеченост.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија

Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт

Дваесет и две години Охридски рамковен договор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава

А1он

Борел: Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ

А1он

Солана: Сигурен сум дека многу скоро ќе ги почнете формалните разговори со ЕУ

А1он