Шеќеринска: Кредиторите се точни како смрт – Тие ќе дојдат по своето

Од:

Опозицијата жестоко се спротивставува на Законот за задолжување на државава кај Светска банка со нови 50 милиони долари.

За власта, поднесувањето на амандманите од страна на опозицијата значи дека сакаат да ја блокираат државата и дека не сакаат да се донесе буџетот за 2013 година.

Опозицијата укажа дека власта не знае да функционира без пари за поткупување гласови и гласачи, зашто, рекоа веќе го нема детонатор и црните вреќи.Парите, велат на власта и се за нови споменици, за апаратите за бркање на птиците од спомениците, за нивните чувари и за партиските вработувања.

Овие пари треба да се враќаат, и тоа ќе треба и нашите деца да го плаќаат луксузирањето на ВМРО-ДПМНЕ, рекоа од СДСМ

„Кредиторите се точни како смрт. Тие ќе дојдат по своето. Собранието треба да каже„Не“, порача Радмила Шеќеринска.

„Различно размислувате кога сте власт и кога сте опозиција. РМ од 2013 треба да врати една милијарда евра, но половина од овој долг е направен од Владите на СДСМ. Преседан е што се поднесуваат стотина амандман за да не се добие кредит“, реплицираше Владанка Авировиќ.

„Згрешиш ген ќе добиеш деген. Вие се измешавте“, врати Шеќеринска.

„Со чии пари Боркица Груевска се шеташе во Холивуд, додека граѓаните немаат пари за леб. Груевски и Ставрески на ваков начин ги реализираат соништата од детството“, обвини Билјана Казанџиска.

Не беше прифатен предлогот на Силвана Бонева за ограничување на дискусиите.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ