Шекеринска во Прилеп: Ќе ги направиме потребните промени

Од:

Големата невработеност и економски потешкотии со кои едвај го туркаат секојдневието. Ова се проблемите на кои и се пожалија жителите на Прилеп и Долнени на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска при нејзината средба со граѓаните.

SDSM_Sekerinska_PP_4
-Покажавте цврстина, истрајност, по мене направивте многу, го завртевте тркалото за промени и полека почна да се врти. Имате поддршка, конечно да ја придвижиме оваа наша земја напред, доста се враќавме назад, рече еден жител на Прилеп.
SDSM_Sekerinska_PP_1
Заедно ќе ги направиме потребните промени, возврати Шекеринска.

SDSM_Sekerinska_PP
-Ова што го слушаме од Вас, вашите сугестиии и предлози, ќе ги препознаете во нашата понуда, која ќе биде заедничка визија на СДСМ и граѓаните, рече Шекеринска.

Пречек за Шеќеринска имаше и во Дебреште, каде жителите ги истакнаа истите проблеми.

-Може да се направат многу работи ако ги промениме приоритетите. Власта во заминување со години мислеше како да приграби повеќе пари од граѓаните за себе и своите џебови. По април 2016-та година фокусот на новата власт ќе биде човекот и неговите потреби, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај