А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шеќеринска: Компромис, но без загрозување на националниот идентитет

by А1он07/07/2013 - 10:1108/07/2013 - 10:07138
Share0

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска во нтервју за Радио Слободна Европа, вели дека сметаат дека во моментов за Македонија компромис е подобар и за нејзината национална посебност и за нејзината иднина и за интеграциите и граѓаните на земјата. Но, тоа решение вели, не смее да го загрози националниот идентитет и интереси.

Добивај вести на вибер

СДСМ како власт ќе најде начин Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, вели Шеќеринска .

„ВМРО-ДПМНЕ покажува дека партиските интереси им се многу побитни од државните интереси. Спорот со Грција за името го претворија во чадор со кој се бранат од какви било објективни критики за сè“, одговара Шеќеринска.

Денеска, вели, граѓаните живеат во страв дека ако се на спротивната страна или ако ги искритикуваат владините политики, дека некој ќе смета дека тие се државни непријатели.

Денеска граѓаните се во страв дали Македонија ќе преживее како држава во регионот кој оди напред, а таа стагнира и на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО.

„Она што СДСМ мора да го понуди, тоа е ослободување од овие стравови. Се разбира дека тоа не е доволно. Во Македонија слободите се почеток. Очекуваат граѓаните и понуда на економски и понуда на социјален план, меѓутоа мислам дека без овој прв чекор ништо понатаму не е доволно. Мислам дека СДСМ мора да понуди повеќе алтернативи на сите различни структури и сите типови на граѓани во македонската држава“, вели заменик претседателот на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен