(ВИДЕО) Шеќеринска: И за Слупчане и за „Детонатор“, Бранко ли е крив?

Од:

„Законот за бранители, не е противуставен, не е не е против Охридскиот договор, и не е закана за Република Македонија, закана е неодговорното владеење на власта. Овој закон треба едногласно да го донесеме, но престанете да си играте“, рече Радмила Шеќеринска на Комисијата за труд и социјална политика.

Несериозниот пристап, рече ја турка Македонија позади многу црвени линии.

Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека во 2008 година тие не го гласале Законот за бранители, бидејќи имале други задачи, да ги зголемат платите на АРМ и МВР и униформи да им купат, а Бети Кузмановска, за нерешеното прашање на бранителите го обвини Бранко Црвенковски.

„За се ли е виновен Бранко, и за Слупчане и за Детонатор“, ја праша Шеќеринска, што Кузмановска го потврди, дека и за аферата Детонатор, во која беше осомничен и сопругот на Кузмановска, е виновен Црвенковски.

ДУИ во форми на реплики на СДСМ, а не на предлагачот ВМРО-ДПМНЕ, го изрази незадоволството од законското решение. За ова Шеќеринска рече дека тераат во лер, зошто чекаат да видат дали Ахмети и Груевски ќе се сретнат и повторно договорат. За ДУИ законот е противуставен, антихуман и антиалбански, но забелешките само „во ракавици“ и индиректно ги упатија кон коалицискиот партнер.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски