Шекеринска: Војниците кои ги гаснеа пожарите ќе бидат наградени

Од:

Сите војници и старешини кои учествуваа и помагаа во гасењето на пожарите ќе бидат парично наградени, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на АРМ.

Кога пожарите летово се проширија низ повеќе делови од нашата држава, потенцираше Шекеринска, Армијата повторно прва дојде на помош. – Со хеликоптери кои значеа спас за повеќе села и за бројни семејства, со посади кои две недели не знаеја за одмор, во ризични и напорни акции, со дополнителни 60 претставници и припадници на вооружените копнени сили кои секојдневно се бореа со пожарите, ставајќи ја добросостојбата на своите граѓани пред својата. Оваа непоколеблива посветеност и оваа жртва заслужува да се вреднува од сите нас и од државата, нагласи Шекеринска на свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

– Храброста знам дека не се плаќа со пари, но и грижата не смее да остане само на зборови. Храброста и херојскиот напор на нашите војници не смеат да поминуваат без признанија, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on