Шекеринска во Вашингтон на средба со Матис

Од:

Аспирациите на Македонија за членство во НАТО и стратешкото партнерство со САД ќе бидат теми на денешната средба во Вашингтон на заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

На средбата се очекува да биде потврдено стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

– Официјалната посета на САД и средбата со секретарот за одбрана Матис се случува во клучен период, два месеца пред НАТО-Самитот. Тоа е извонредна шанса да покажеме колку членството во НАТО е важно за Република Македонија и да покажеме дека тоа, исто така, носи вредности за земјите – членки на НАТО Алијансата. Со американскиот секретар за одбрана ќе разговарам за нашето стратешко партнерство, за одбранбените реформи, но и за сите оние работи кои што Македонија може да ги понуди на НАТО алијансата, во смисла на зголемена безбедност во регионот и на европскиот континент, изјави Шекеринска во пресрет на средбата.

Таа најави дека на средбата со Матис ќе се осврне и на реформите во АРМ и на подготвеноста на земјата за членство во Алијансата.

– Во последните 10 месеци секојдневно работевме да ја вратиме довербата на македонските граѓани во својата држава, но исто така и да ја вратиме довербата, која странските партнери ја имаа во Република Македонија. Покажавме дека зборот е збор, дека она што Македонија го најавува, она што го презема, она што го ветува, го исполнува. Ова е шанса да покажеме дека Република Македонија заслужи, дека заслужува да стане членка на НАТО, вели Шекеринска.

Средбата се реализира во рамки на официјалната посета на министерката Шекеринска на Соединетите Американски Држави која започна на 26 април и ќе трае до 2 мај.

Би можело да ве интересира

САД: Ако не ни помогнете против Иран, ве чека „црна иднина“

Иран: Нема да го отвориме Ормутскиот теснец и покрај заканите на Трамп

ВИДЕО: Иранците ја погодија американската база во Саудиска Арабија; Уништени се пет танкерски авиони

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ирански дронови погодија нафтен терминал во ОАЕ и американската амбасада во Багдад

Предраг Петровиќ

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ

Дипломатска војна меѓу Бразил и Америка; Лула му забрани влез на соработникот на Трамп

Предраг Петровиќ