Шекеринска во Софија: Македонија и Бугарија пример за добрососедство

Од:

Македонија и Бугарија се пример за добрососедство и соработка што ја зацврстува безбедноста на целиот регион. Бугарија недвосмислено ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и ќе помогне во остварувањето на стратешките цели на Македонија, било речено на средбите на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во Софија.

Официјалната посета на Бугарија министерката Шекеринска, како што информираат од Министерството за одбрана, ја почна со средба со бугарскиот премиер Борисов кој истакнал дека со преземањето на претседателствувањето со Европската унија, Бугарија ќе и ја пружи сета поддршка на Република Македонија во нејзиниот евро-интегративен процес.

На средбата во бугарското МО, министрите Шекеринска и Каракачанов изразиле задоволство од продлабочувањето на соработката во одбраната.

Министерката Шекеринска истакнала дека последните месеци покажале оти постои силна политичка волја за конкретна соработка, реални позитивни и пријателски односи меѓу двете земји, и една нова клима на соработка.

– Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија ги интензивираше контактите во сите области. Ние сме особено задоволни бидејќи како две пријателски земји преземавме чекори за издигнување на одбранбената соработка на едно повисоко ниво, рече таа.

Изрази очекување дека во следниот период ќе се дефинираат конкретни активности во доменот на соработката на двете армии, со фокус на заедничката обука на специјалните сили.

Министерката посочила и дека претстојната седницата меѓу двете влади во Струмица ќе покаже оти соработката се продлабочува.

– Локалните избори потврдија дека граѓаните се зрели и сакаат да видат решенија. За нас е важен не само резултатот на изборите, туку и извештајот на ОБСЕ кој покажа дека вербата во процесот е вратена. Ние сме фокусирани на реформите кои можат да ни помогнат на патот кон НАТО и ЕУ и на тој пат сакаме да ги искористиме вашето искуство, порачала министерката на состанокот.

Министерот Каракачанов изразил задоволство што со Владата на премиерот Заев од 1 август до денес контактите меѓу Бугарија и Македонија се поинтензивни отколку во последните 20 години.

Истакнал и дека политиката на Бугарија за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ е јасна, а таа е – категорична поддршка. Министерот Каракачанов изразил надеж дека договорот за добрососедство набрзо ќе го ратификуваат и двата парламенти.

– Покажуваме дека на Балканот две земји можат да најдат заеднички јазик за напредок и на двете држави. Министерот изрази задоволство од развојот на соработката во одбраната, односно интензивната соработка на работните групи и преносот на искуства во контекст на НАТО.

Двајцата министри денеска потпишаа два билатерални документи – Изјавата за намери за развој на соработката меѓу двете воени воздухопловства како и Аранжманот за соработка за лабораториски анализи на горивата и специјалните течности.

Во рамки на посетата, министерката Шекеринска ќе го посети и Националниот воен команден центар на бугарската Армија.

Би можело да ве интересира

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

Орце Костов