Шекеринска во Брисел: Земјава донесе пресврт и дома и на Западен Балкан

Од:

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес во Брисел учествуваше на состанокот на лидери на партии на Партијата на европски социјалисти.

„И Владата и Европската комисија го споделуваат истото мислење – Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балкан, направи круцијални, историски чекори напред и заслужи да ги започне преговорите за членство”, рече Шекеринска на состанокот и истакна дека крајната цел за сите граѓани е земјата да функционира европски, да биде вистинска современа демократија и дека тој процес ќе биде брз и ефикасен единствено преку отворање и затворање на европските поглавја.

„Членството во Унијата е една од двете главни надворешно-политички цели на државата со децении. Државата припаѓа на обединета Европа, и културно и географски и според вредностите кои се втемелени во македонското општество. За нас нема друга опција освен полноправното членство во ЕУ и затоа сме фокусирани на тој пат“, рече Шекеринска.

На состанокот присуствуваа и новата финска премиерка Сана Марин, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел, претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, шведскиот премиер Стефан Лофвен, шпанскиот премиер и мандатар Педро Санчез, поранешните премиери на Грција Алексис Ципрас и на Бугарија, Сергеј Станишев. Притоа Северна Македонија доби недвосмислена поддршка од сите и честитки за членството во НАТО.

Во кусиот разговор Шекеринска му честиташе на Борел за новата функција и рече дека очекува продолжување на соработката со нашата земја и почеток на преговори за членство. Во разговорот со премиерот и мандатар на Шпанија Санчез заменичката на претседателот на СДСМ ја истакна важноста од брзата ратификација на протоколот за НАТО од страна на неговата земја, на што премиерот и мандатар одговори дека Шпанија ќе стори се да го заокружи навреме ратификацискиот процес.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи