Шекеринска во Брисел: Ќе го зголемиме придонесот во операциите на НАТО

Од:

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“. На состанокот, министрите за одбрана ја разгледаа безбедносната состојба во Авганистан и дискутираа за понатамошниот развој на операцијата на НАТО во Авганистан – „Одлучна поддршка“.

Министерката ја истакна посветеноста на земјава во поддршка на напорите на НАТО за унапредување на демократските капацитети на Авганистан и најави понатамошен зголемен придонес во операциите на НАТО.

„Во духот на нашата посветеност кон вредностите што ги делиме со НАТО, Владата донесе одлука за зголемување на нашиот придонес во Авганистан во 2018 година за 20 проценти“, рече Шекеринска.

Министерката ги истакна и стратешките цели на земјава за членство во НАТО и најави засилено темпо и реформи кон исполнување на критериумите и стандардите на НАТО.

„Успешно спроведените избори покажаа дека Република Македонија може да испорача резултати. Свесни сме дека полноправното членство во НАТО треба да го заслужиме. Во тој контекст, ве уверувам дека земјава ќе покаже напредок во сите области во кои Алијансата детектираше проблеми во минатото. Нашата цел е Република Македонија да стане 30та земја-членка на НАТО“, рече министерката.

На маргините на состанокот Шекеринска побара поддршка за членството на Република Македонија во НАТО од заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, државниот секретар на САД, Џејмс Матис, од министрите за одбрана на СР Германија; Урсула вон дер Леуен, на Кралството Норвешка, Франк Баке – Јенсен и на Република Италија, Роберта Пиноти. Министерката се сретна и со министрите за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, на Република Албанија, Олта Џачка и на БиХ, Марина Пендеш.

На покана на министерката за одбрана на СР Германија, Урсула вон дер Леуен, Шекеринска учествуваше и на состанокот на земјите кои со свои капацитети и сили придонесуваат во Командата за обука, советување и помош – Север во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија