А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Шекеринска: Внимателни сме и не сакаме да се мешаме во работата на верските заедници

by А1он25/04/2019 - 15:02262
Share0

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека Владата е многу внимателна во однос на актуелните случувања во Исламската верска заедница (ИВЗ) и генерално, и додаде оти почитуваат различност и права на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Многу сме внимателни, никогаш и по никоја цена да не се мешаме во односите внатре во верските заедници. Тоа не сме го направиле за ниту една друга, тоа не сме го направиле сега и за ИВЗ. Она што се случува внатре е прашање што треба да го средат верниците. Тоа е прашање во кое единствената одлука не е одлука на извршната власт туку на судската власт. Владата јасно кажа дека не сака вакви работи да се случуваат во било која верска заедница, а сите наводи што се спомнуваат во јавноста дека се работи и за фалсификат документи целосно ќе бидат истражени, рече Шекеринска за актуелните случувања во ИВЗ.

Тоа, како што рече, покажува дека ние на никој начин не сме придонеле на таквата ситуцаија, немаме од што да стравуваме, ниту да се срамиме.

– Секој во оваа држава може сам да си ја избере својата религија, дали ќе ја практикува или нема да ја практикува. Но, по едно прашање нема избор – сите мора да ги почитуваме законите. На таков начин мислам дека и верниците ќе бидат посигурни, на таков начин и државата ќе функционира подобро. Меѓутоа можеби и истрагата ќе покаже дека некои од политички причини планирал тоа да се случи токму сега. Јас за тоа ниту можам, ниту сакам да шпекулирам, но повикот до сите граѓани на нашата земја е да не дозволиме државата да губи време на работи што можеме и треба да ги решиме во рамки на нашиот политички систем. Тоа значи дека сите имаме право на различно мислење, но на петти мај треба да избереме претседател, нагласи Шекеринска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Таа е убедена дека граѓаните, и првославните кои се подготвуваат за прославување на претстојните празници и муслиманите кои, како што рече, со загриженост ги следат настаните, знаат дека ни треба вистински претседател кој ќе ги обединува овие разлики, а не некој што ќе игра на картата на поделби.

ivzmovlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео