Шекеринска утре во Софија на средба со Каракачанов и на меѓународна конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“

Од:

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска утре ќе престојува во Софија, Република Бугарија каде ќе има средба со министерот за одбрана Красимир Каракачанов и ќе учествува на меѓународната конференција „Кон нов одбранбен идентитет на ЕУ“.

Во фокусот на средбата со бугарскиот колега Каракачанов ќе бидат повеќе прашања од соработката меѓу двете земји како и претстојниот самит на НАТО во Брисел и предизвиците што го очекуваат регионот.

Министерката Шекеринска, заедно со повеќе истакнати учесници меѓу кои и германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен, претседателот на Австрискиот институт за европска и безбедносна политика и поранешен министер за одбрана на Австрија Вернер Фаслабенд, поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер ќе имаат свои обраќања на конференцијата.

Оваа година, меѓународната одбранбена конференција во Софија ќе се посвети на потребата на ЕУ за развој на нов безбедносен и одбранбен идентитет, кој ќе се носи со предизвиците како нестабилноста на јужните и источните граници на ЕУ, тероризмот и радикализацијата, мигрантските бранови, враќањето на борците- терористи од боиштата и новите хибридни и сајбер-закани.

Конференцијата е организирана од Софискиот одбранбен форум, Австрискиот институт за европска и безбедносна политика, фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска