Шекеринска: Спремни сте државата да гори за да спасите неколкумина

Од:

Антонио Милошоски призна дека разговорите од „бомбите“ не се монтирани. Вистината е токму во „бомбите“, кога го апсевте Љубе Бошкоски и кога Гордана Јанкуловска и Мартин Протугер, бидејќи им беше малку „нелегално финансирање на кампањата“ договараа да пуштат во јавноста дека Бошкоски наводно го продавал името, рече Радмила Шекеринска.

– Сакате да ја скарате Македонија за да продолжите да крадете. Престанете со лажење, не ги плашете луѓето од она што веќе стои. И Илија Димовски потврди, мајски договор постоеше, а Никола Груевски тука сите не лажеше, рече Шекеринска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ сака на расипан и подмолен начин да продолжи да лаже, иако во нивните редови има луѓе кои со олеснување ќе очекуваат во Собранието да се дебатира за вистински проблеми.

– За да спасите неколкумина, спремни сте државата да гори, а вашите да се пакуваат и да си одат, вели Шекеринска.

Илија Димовски во контра реплика кажа дека нема ништо лошо ако на крајот излезе дека тие лажеле, иако според него, СДСМ и ДУИ лажат дека нема да има двојазичност.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик